среда, 11 декември 2024

Стармер: Немам намера да разговарам со Путин

Британскиот премиер Кир Стармер „нема намера да разговара“ со Владимир Путин, изјави тој по контроверзниот разговор меѓу германскиот канцелар Олаф Шолц и рускиот претседател.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Канцеларот Шолц сам одлучува со кого ќе разговара. Немам намера да разговарам со Путин“, изјави Стармер, кој се подготвува за самитот на Г-20, кој почнува денеска во Бразил.

„Мораме да ги удвоиме нашите напори за да ја зајакнеме поддршката за Украина“, додаде лабуристичкиот премиер. Оваа тема е „на врвот“ на неговата агенда на самитот на Г20, на кој учествуваат големите светски лидери, но не и Владимир Путин.

Во вторник го одбележуваме илјадитиот ден од војната во Украина, потсети британскиот премиер. „Тоа значи 1.000 дена руска агресија, 1.000 дена жртви за украинскиот народ, а неодамна гледаме дека севернокорејските трупи соработуваат со Русите“, продолжи тој.

„Тоа го покажува очајот на Русија, но исто така има сериозни импликации за европската безбедност (…) и безбедноста на Индо-пацификот“, рече Стармер.

„Мораме да обезбедиме целосна поддршка на Киев, колку што е потребно“, додаде лидерот на лабуристите.

Доналд Трамп, кој се подготвува да се врати во Белата куќа во јануари, вети дека ќе стави крај на конфликтот меѓу Киев и Москва во рок од 24 часа.

Со телефонски разговор со Владимир Путин, Олаф Шолц го навлече гневот на Киев.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини дека ја отворил „Пандорината кутија“.

Одлуката на Шолц беше критикувана и од некои сојузници на НАТО, како Полска, а Финска побара од европските лидери да покажат воздржаност во контактите со Москва во врска со војната во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ