четврток, 5 декември 2024

Околу 11 милиони евра пари од проектите за општините се за заштита на животнат средина, се пофали премиерот

Животната средина е наш приоритет и затоа околу 680 милиони денари или околу 11 милиони евра од парите кои ќе се вложат за реализација на капиталните проекти во општините се наменети за заштитата на животната средина, вели премиерот Христијан Мицкоски. Во однос на Националната развојна стратегија, која денеска е на дневен ред во Собранието, чиј предлагач е Владата, а СДСМ не ја поддржа, Мицкоски рече дека не очекува од СДСМ да поддржува владини политики.

Објавено на

часот

Сподели

„Се работи на тоа бидејќи тоа им е потребно на граѓаните. Добив информација дека постепено почнува да се реализира проектот за пречистителната станица во Битола, слично нешто очекувам и за Тетово. Скопскава гледам почнува да се разадвижува… Сакам да кажам дека апсолутно ни се приоритет тие проекти“, рече Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање пред обраќањето на конференцијата на „Блумберг Адрија“ на тема „Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“.

Во однос на Националната развојна стратегија, која денеска е на дневен ред во Собранието, чиј предлагач е Владата, а СДСМ не ја поддржа, Мицкоски рече дека не очекува од СДСМ да поддржува владини политики.
„Мислат дека таа им е добра стратегија, јас не мислам дека е таа добра стратегија. И мислам дека тука новиот претседател на СДСМ има внатрешни проблеми на луѓе кои го носат во длабоко и се обидуваат што побргу да го удават, бидејќи имаат свои некои интереси внатрешно во партијата, но тоа е нивен проблем, не е наш проблем“, рече премиерот.

Тој појасни дека оваа национална стратегија и онаа на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) се сосема два различни документи.

„Тој на МАНУ е стратешки документ којшто третира области коишто не се содржани во оваа Национална стратегија и така натаму. Нешто коешто е многу важно и во име на тоа јас ги повикувам уште еднаш да размислат и да застанат позади оваа иницијатива, бидејќи сепак ете нашата цел е да ги собереме сите умови во државава за да можеме да создадеме документ којшто ќе биде патоказ за сите идни Влади, не само за оваа, документ околу кој ќе се обединиме сите без разлика на нашите етнички и партиски различности“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ