вторник, 2 јули 2024

Од утре почнува исплатата на парите од антикризната мерка наменета за основците и средношколците

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од понеделник ќе почнат да се исплаќаат паричните надоместоци по основ на антикризната мерка за поддршка на семејствата на основци и средношколци.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од МОН, министерката за образование и наука Весна Јаневска ги задолжила надлежните сектори да направат детален преглед на нереализираните финансиски обврски по секој еден ученик чие семејство ги исполнува условите и има поднесено апликација за остварување на ова право.

Врз основа на доставениот извештај, направен е план со динамика на исплата којa започнува од утре.

„Наместо краткорочни неквалитетни решенија, учениците и нивните семејства заслужуваат вистинска и континуирана системска поддршка за олеснување на воспитно – образовниот процес и за надминување на предизвиците со кои секојдневно се соочуваат последните неколку години. Со доаѓањето на новата влада, младите ќе бидат во фокусот на политиките, а квалитетот на образованието и можностите за реализација на личниот потенцијал во границите на својата земја, плански и континуирано ќе се зголемуваат“, велат од МОН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ