четврток, 5 декември 2024

Од утре интернет-домените може да завршуваат како ќе ви текне

Објавено на

часот

Сподели

Првичната одлука за реформа на именувањето на домените беше изгласана во јуни минатата година, а конечната беше донесена на денешниот состанок во Сингапур, и со неа системот на именување ѝ се остава на човековата фантазија. Така, сите фирми од четврток ќе можат наставката на својот домен да ја изберат по сопствена желба и да го регистрираат таквиот домен до 12 април, кога истекува рокот за пријави.
Право на нови домени имаат сите, а цената е 185 илјади долари по домен.
Наместо досегашните „.com“, „.org“, „.net“ или „.gov“, сега домените ќе може да завршуваат со наставки како „.pepsi“, „.apple“, .„toyota“. Канон веќе го побарал доменот „.canon“, а градоначалникот на Лондон е заинтересиран за „.london“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ