вторник, 26 ноември 2024

Од почетокот на конфликтот во Судан, починале од глад околу 500 деца

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на оваа организација се наведува дека најмалку 31.000 деца немаат пристап до лекување од неухранетост и поврзани болести бидејќи оваа добротворна организација беше принудена да затвори 57 од своите центри за хранење во Судан, пренесува АП.

Судан западна во хаос по неколкумесечните тензии меѓу армијата и ривалската паравоена фракција кои на 15 април ескалираа во отворен вооружен конфликт, претворајќи ги Картум и другите урбани области во боишта.

Голем број граѓани на Судан живеат без вода и струја, а здравствениот систем во таа земја речиси целосно пропадна.

Се проценува дека најмалку 4.000 луѓе загинале во насилствата во Судан, изјави Лиз Тросел, портпаролката на канцеларијата за човекови права на ОН, но активистите и лекарите на терен велат дека бројот на жртвите е веројатно многу поголем.

Според Агенцијата за миграција на Обединетите нации, повеќе од 4,4 милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови и да избегаат од насилството во побезбедните области во Судан или да побегнат во соседните земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ