недела, 30 јуни 2024

Од денеска до недела Фестивал на домашно пиво во Дајмонд мол

Љубителите на пиво ќе имаат можност да пробаат уникатни пивски вкусови произведени од локалните домашни производители на пиво. Од 28 до 30 јуни во Дајмонд мол  ќе се одржи Фестивал на домашни пива. На тридневниот фестивал малите локални производители ќе ги презентираат своите оригинални пива, а пивските ентузијасти покрај дегустацијата, за време на фестивалот ќе можат да се запознаат и со процесот на нивно создавање.

 

Објавено на

часот

Сподели

На фестивалот своите пивски производи ќе ги претстават Пиво Лабс, БАК, Курај биер, Белеза и Сакампиво.мк, а покрај македонските производители, својата палета на пива ќе ја презентира и една од најстарите и најпознати пивари од Холандија, Бавариа.

Освен во атрактивните пивски брендови, посетителите ќе уживаат и во деликатеси од зреено месо и продукти на производителот на месни преработки „Гавриловски“.

Овој несекојдневен настан во организација на Дајмонд мол има за цел да ги поддржи и промовира малите производители на пиво и нивниот талент и знаење за производство на овој исклучително популарен пијалак, особено во летните месеци. Посетителите ќе имаат можност да ги откријат приказните што стојат зад пивата произведени во мали количини, кои не се достапни за широка потрошувачка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ