четврток, 5 декември 2024
Со одлука на јавниот обвинител

Обвинителите на Коцевски го „чешлаат“ Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција

Со одлука на јавниот обвинител на Македонија, Љупчо Коцевски сите јавни обвинители од Јавното обвинителство на Македонија денеска вршат контрола во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Објавено на

часот

Сподели

„Претходно, согласно надлежностите на републичкото јавно обвинителство, контрола беше извршена во сите виши јавни обвинителства во државата. Надзорот се врши во согласност со член 21 од Законот за јавното обвинителство и Правилникот за вршење надзор над работата и постапувањето на јавните обвинителства донесен од Советот на јавните обвинители“, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Оттаму посочуваат дека до крајот на годината ќе биде извршен надзор и над постапувањето на Одделението за меѓународна правна помош во Јавното обвинителство на Македонија и над Канцеларијата за врски со Европравда во републичкото обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ