вторник, 2 јули 2024
Може да се најдат во проблеми на мечот против Грузија

Новинар го праша селекторот на Шпанија: Дали ќе го повлече Јамал од игра поради германскиот закон?

Во пресрет на натпреварот помеѓу Шпанија и Грузија, новинарите го запрашаа Луис де ла Фуенте дали ќе го повлече од игра Ламин Јамал со цел да не го прекрши германските закони кои регулираат до колку часот можат да работат лицата помлади од 18 години.

Објавено на

часот

Сподели

Изминатиов период во неколку наврати се пишуваше за можноста 16 годишниот Ламин Јамал и Шпанија да се најдат во проблеми поради германските закони.

Имено, лицата кои се помлади од 18 години не можат да работат после 20 часот. Исклучок има за професионалните спортисти, на кои им е дозволено да бидат активни до 23 часот.

Но со оглед на тоа што сега започнува нок-аут фазата во која се можни продолженија и пенали, постои реална шанса Ламин Јамал да биде на теренот по 23 часот, па новинар го праша Луис де ла Фуента како ќе се справи при една ваква ситуација.

„Разговараме со Јамал секој ден. Покажува голема зрелост и покрај тоа што има само 16 години, продолжува да се развива и како фудбалер, и како личност. Сите сме одговорни во овој процес. Ние ќе си ја извршиме нашата задача и ќе го пуштиме да игра. Ништо повеќе“ – вели селекторот на Шпанија.

„Не ги знам германските закони и дали тоа Јамал треба да биде повлечен од игра во 23 часот… Мислам дека нема да се случи тоа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ