петок, 18 октомври 2024

Новицки со победа го прослави илјадитиот меч во НБА

Објавено на

часот

Сподели

Тој, сепак, е само деветиот играч во најсилниот кошаркарски шампионат на светот што до четирицифрениот јубилеј стигнал само со еден тим, во неговиот сличај актуелниот шампион Далас маверикс.
Најкорисниот кошаркар од минатата сезона своето достигнување го прослави со триумф на неговите „телиња“ во дуелот со Феникс (98-89) во кој тој учествуваче со 20 постигнати поени.
Кошаркарите на Чикаго Булс полесно од очекувањето славеа на гостувањето кај Детроит Пистонс (99-83) со што ја забележаа и петтата победа во серија. Мајами хит, пак, лесно ја совладува Индијана (118-)83 без разлика што во тимот го немаше Двејн Вејд, кој има полесна повреда на стапалото. Во негово отсуство блескаше Леброн Џејмс, кој имаше учинок од 33 поени, 13 асистенции и осум скокови. Кај домаќините се истакна и Крис Бош со 22 поени.

РЕЗУЛТАТИ: Орландо – Вашингтон 103-85, Торонто – Кливленд 92-77, Бостон – Њу Џерси 89-70, Детроит – Чикаго 83-99, Мајами – Индијана 118-83, Њујорк – Шарлот 110-118, Њу Орлеанс – Филаделфија 93-101, Минесота – Мемфис 86-90, Далас – Феникс 98-89, Сан Антонио – Голден Стејт 101-95, Денвер – Сакраменто 110-83, Клиперс – Хјустон 117-89.

[video:http://www.youtube.com/watch?v=Dk7nhkuHzgI]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ