Според објавеното испитување од акредитираната лабараторија „Проанализ“ од Струмица, испитуваната вода за пиење содржи манган во рамките на дозволеното, а и останатите параметри се во рамки на дозволените граници.
Освен од Фабриката за вода, испитувани се примероци од училиштата „Сандо Масев“ и „Димитар Влахов“, како и од Градинката Клон 6.
Инаку, Струмица и шест населени места веќе три недели се без вода за пиење, а од 8 овој месец водата за пиење е забранета за употреба и во Општина Василево, која исто како и Струмица со вода се снабдува од акумулацијата „Турија“.
Од завчера водата за пиење е забранета и во Општина Босилово, а населението се снабдува од канистри. рт/дма/