недела, 6 октомври 2024

Првата машка кошаркарска лига доби спонзор

Кошаркарската федерација на Македонија денеска потпиша договор со телекомуникацискиот оператор МТЕЛ кој ќе биде спонзор на лигата која отсега ќе се вика МТЕЛ Прва машка кошаркарска лига.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на КФМ, Перо Антиќ го истакна задоволството од потпишувањето на договорот со МТЕЛ.

„Среќни сме што добиваме поддршка од партнер кој ги познава вистинските вредности и безрезервно ги поддржува. Пред нас ќе има уште една исклучително интересна сезона, а верувам дека поддршката од МТЕЛ ќе им даде дополнителен ветер во грб на клубовите да дадат сè од себе во новата сезона и со што подобри услови да придонесат за повозбудливи натпревари. Благодарност огромна до нашите пријатели во МТЕЛ кои ја препознаа мотивацијата на раководството на КФСМ и заедно со желба за нови победи и континуиран развој одлучија да застанат покрај нас во оваа битка“, истакна претседателот на КФМ, Перо Антиќ по потпишувањето на договорот.

Потписник од страната на МТЕЛ беше генералниот директор на компанијата, Марко Лопичиќ.

„Среќни сме и почестени што станавме генерален спонзор на најдоброто натпреварување во македонската кошарка кое отсега ќе се именува како МТЕЛ Прва машка лига. Како компанија, сме длабоко посветени да соработуваме со спортските федерации и клубови за да ги поттикнуваме заедничките вредности и да промовираме активна, здрава заедница која ги инспирира младите луѓе. Уверени сме дека нашата поддршка ќе придонесе за возбудлива и успешна сезона, каде и клубовите и навивачите ќе уживаат во извонредни спортски достигнувања“ вели генералниот директор на МТЕЛ, Марко Лопичиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ