петок, 15 ноември 2024

Индексот на отвореност на општините зголемен за 10 отсто, но и понатаму ниско е нивото на свесност

Фондација Метаморфозис и Рурална коалиција ги претставија наодите од Процената на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Македонија, изготвена преку Индексот на отвореност за 2024 година на тематскиoт форум „Вклучена заедница за отпорност на корупција“.

Објавено на

часот

Сподели

Процената претставува длабинска анализа на работата на локалната самоуправа која дава резиме на вкупните перформанси на локалната самоуправа со патоказ од препораки за унапредување на состојбата. Истражувањето беше спроведено од 1 февруари до 15 мај 2024 година.

Во споредба со 2022 година (27 отсто), во 2024 година просекот на отвореност достигна 37 отсто, што е пораст за 10 проценти во две години. Иако овој процент е видливо зголемен, сепак претставува индикација за ниско ниво на отвореност во работењето на локалната власт во Македонија, со чест на исклучоци кои проактивно и темелно се посветуваат на отвореноста кон граѓаните.

Во 2024 година, наодите од Индексот на отвореност покажаа дека најотворените единици на локална самоуправа се: Битола (67%), Делчево (66%), Демир Хисар (64%), Велес (60%), Валандово (59%), Прилеп (58%), Крива Паланка (58%), Берово (58%), Василево (56%), Кочани (55%), Градско (54%), Гевгелија (54%), Охрид (53%), Кавардарци (52%) и Гази Баба (52%), наспроти најзатворените единици на локална самоуправа меѓу кои се: Сопиште (7%), Кривогаштани (13%), Студеничани (13%), Росоман (14%), Чучер Сандево (15%), Шуто Оризари (16%), Лозово (17%), Боговиње (18%), Ранковце (18%), Врапчиште (19%) и Чаир (19%).

Исто како во 2022 година, во 2024 година единиците на локалната самоуправа имаат највисока просечна оценка во областа транспарентност (46 проценти), а најниска просечна оцена во областа свесност (21 процент), додека најголем напредок се забележува во областите транспарентност и интегритет односно зголемување за 12 отсто.

Овој низок резултат во областа свесност (21 процент) укажува на слабиот квалитет на планирањето, програмирањето, мониторирирањето и евалуацијата на политиките што ги спроведуваат единиците на локалната самоуправа. Јавниот интерес треба да биде отсликан во јавните политики, што го прави овој поразителен резултат уште поалармантен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ