Како што објави порталот „Екс ју авијација“, повикувајќи се на францускиот финансиски весник „Лез Екоз“ (Les Echos), се очекува летовите да бидат закажани наскоро.
„ Со новата услуга буџетската авиокомпанија ќе се врати во Скопје по прекинот на операциите од Женева минатиот месец. Понатаму, ќе ја прошири врската меѓу Македонија и Франција, која ќе расте заедно со планираните нови летови на Виз Ер до Лион, кои исто така ќе започнат во 2025 година“, се наведува во објавата.
Орли се наоѓа на дваесетина километри од центарот на Париз.
Авиолинија од Скопје до францускиот главен град опслужува и Виз Ер до аеродоромот Бове, оддалечен 90-ина километри од Париз.
Изиџет влезе на македонскиот пазар во ноември 2021 година.