среда, 26 јуни 2024
Идниот вицепремир му се забагодари на Мицкоски

Николоски: Добивме голема доверба, ќе работиме посветено за Македонија

„Народот ни даде огромна доверба. Со многу посветеност и напорна работа ќе ја оправдаме. Ќе правиме убави работи. За Македонија!“, објави вечерва преку фесбук Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, кој е предложен за вицепремиер и министер за транспорт и врски.

Објавено на

часот

Сподели

„Би сакал да му се заблагодарам на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден претседател на Владата, Христијан Мицкоски за укажаната доверба и чест да бидам заменик претседател на владата.

Да се биде дел од неговиот тим во ВМРО-ДПМНЕ беше огромна чест и одговорност, истото е и за Владата. Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, така ќе ја креваме и Македонија!“, напиша Николоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ