Како што информира ОЈО, вчера на улицата „Разловечко востание“ во Скопје, во близина на супермаркет, осомничениот се доближил зад грбот на една оштетена, ја фатил за левото рамо, а со другата рака и го скинал златното синџирче со приврзок од вратот и го украл, стекнувајќи се со противправна корист од околу 30.000 денари. Со трчање избегал кон автобуска постојка на булеварот „Партизански одреди“ и се качил во автобус.
„Полициски службеници го лишиле од слобода 15 минути подоцна, на автобуската станица кај Симпо, при што кај него го пронашле украденото синџирче“, соопшти ОЈО.