четврток, 28 ноември 2024

Нетанјаху: Израел е на високо ниво на подготвеност за секое сценарио

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека неговата земја е „на многу високо ниво на подготвеност за секое сценарио и одбранбено и офанзивно“, ветувајќи дека ќе плати многу скапо за „секој чин на агресија од кој било фронт“.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Нетанјаху го изјави ова бидејќи Израел се соочува со потенцијална иранска одмазда за убиството на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија во Техеран во средата наутро, според израелските медиуми.

„Откако вчера го елиминиравме началникот на Генералштабот на Хезболах (Фуад Шукр), денеска дојде конечната потврда за елиминацијата на началникот на Генералштабот на Хамас, Мухамед Деиф. Тој беше одговорен за ужасниот масакр на 7 октомври, исто така и за многу убиствени дела врз граѓаните на Израел. Тој беше бараниот човек број еден за Израел со години“, рече Нетанјаху на брифингот со командантите на цивилната одбрана.

Израел, сепак, официјално не ја коментираше смртта на Ханија, иранските лидери се заканија со одмазда, Нетанјаху синоќа изјави дека наредните денови ќе бидат предизвикувачки.

Израелските лидери веќе подолго време тврдат дека Деиф, водачот на военото крило на Хамас, е убиен во напад во Газа, веднаш ја презедоа одговорноста за убиството на командантот на Хезболах во вторникот во нападот на Бејрут.

Во април, Иран лансираше 300 беспилотни летала и проектили кон Израел, од кои огромното мнозинство беа пресретнати, како одговор на израелскиот напад во Сирија во кој загинаа неколку членови на иранската Револуционерна гарда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ