петок, 18 октомври 2024
НБА

Нема плејоф за Дончиќ и Далас, сезоната за нив заврши (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

На стартот од сезоната Далас изгледаше одлично, потоа беше донесен и Ирвинг со цел тимот да се бори за повисок пласман, но наместо тоа се случи големо разочарување, „телињата“ испаднаа уште во регуларниот дел. За Дончиќ ова е вторпат во својата НБА кариера да не игра во плејофот, првиот пат беше во дебитантската сезона 2018/19.

Една од причините за поразот е фактот што Лука Дончиќ ја одигра само првата четвртина, додека Кајри Ирвинг воопшто не беше во тимот, има повреда на стапалото. 

И покрај тоа Далас водеше во најголемиот дел од мечот, во втората четвртина имаше и 15 поени предност, но на крајот Чикаго Булс го сврте мечот и победи со 115-112. Најефикасен кај Чикаго беше Вајт со 24 поени, Вилијамс постигна 23. Кај Далас и покрај малата минутажа, Дончиќ со 13 поени беше еден од тројцата со оваа бројка во тимот, толку имаа и Морис и Врајт.

РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Хјустон 109-112, Индијана – Детроит 115-122, Вашингтон – Мајами 114-108, Атланта – Филаделфија 131-136 (п), Бостон – Торонто 121-102, Бруклин – Орландо 101-84, Милвоки – Мемфис 114-137, Њу Орлеанс – Њујорк 113-105, Далас – Чикаго 112-115, Сакраменто – Голден стејт 97-119, ЛА Лејкерс – Феникс 121-107.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ