вторник, 26 ноември 2024

Напад во близина на Ајфеловата кула: Убиен случаен минувач (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Осомничениот се приближил до туристичката двојка и со нож го избодел германскиот државјанин, потоа бил бркан од полицијата и нападнал уште две лица со чекан пред да биде запрен и уапсен. На повредените им била укажана помош од Брзата помош.

Дарманин рече дека напаѓачот извикал „Алах Акбар“, што значи „Бог е најголем“ на арапски, а подоцна на полицијата и рекол дека е вознемирен затоа што „толку многу муслимани умираат во Авганистан и Палестина“.

Тој изјави дека осомничениот бил осуден на четири години затвор во 2016 година за планирање напад и бил баран од француските безбедносни служби. Познато е и дека човекот страдал од психијатриски нарушувања, рече Дарманин.

Обвинителството за борба против тероризмот соопшти дека ја презело истрагата. Пишувајќи на X, поранешен Твитер, францускиот претседател Емануел Макрон изрази сочувство до сите погодени од „терористичкиот напад“ и им се заблагодари на службите за итни случаи за нивниот одговор. „Националното обвинителство за борба против тероризмот ќе биде одговорно за расветлување на оваа работа за да може правдата да биде спроведена во име на францускиот народ“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ