среда, 27 ноември 2024

Надал се повлече од Ролан Гарос и најави пензија во 2024 година

Објавено на

часот

Сподели

Надал се повреди на Австралија опен и не успеа да се опорави навреме за настап на Ролан Гарос. Беше нејасно дали ќе биде подготвен за грен слем турнирот, но Шпанецот сега ги разјасни работите.

„За жал нема да можам да играм на Ролан Гарос. Таа одлука не ја донесов јас, туку моето тело. Нема да играм во наредните месеци. Се надевам дека ќе бидам подготвен за Дејвис купот. Сакам да играм и во 2024 година, колку што ќе бидам здрав и ќе можам и да уживам во таа година, која ќе биде последна во мојата кариера. Сакам да се простам на начин на којшто јас посакувам“, изјави Надал.

„Добро сум, но тажно. Тениски сум и понатаму на доста високо ниво, но физички не сум. Морам да го прифатам тоа и да одам напред. Има многу работи во животот во кои уживам. Треба да бидам благодарен на сите убави нешта кои ми се случија. Иако мојата глава не го сака тоа, телото засега ми рече ‘доста’. Не знам што ќе се случува следната година, некои работи не можам да ги контролирам. Ќе биде тешко да бидам конкурентен на грен-слемовите, не сум ирационален човек, но не сум ни негативен. Ќе се обидам да си дадам шанса и повторно да се натпреварувам на највисок ниво, за титули“, изјави 36-годишниот Шпанец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ