вторник, 26 ноември 2024

На ПИОМ му требаат задоволни корисници, Мемов вели дека се работи на подобрување на работата

Функционалната анализа на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Извештајот за идните деловни процеси, како и Извештајот за потребата од модернизација на техничките капацитети, се дел од темите за кои разговарале директорот на Фондот за ПИОМ, Никола Мемов со Кирил Миновски, директор на Проектот за изработка на физибилити студијата за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, финансиран од Светската банка.

Објавено на

часот

Сподели

Мемов истакнал дека документите што биле доставени по претходната средба, се детално разгледани од службите во Фондот на повеќе состаноци. Тој при тоа ги информирал директорот на проектот и неговите соработници за предлозите што ги има Фондот, а кои се во насока на зголемување на ефикасноста на работата и функционалноста.

Миновски посочил дека забелешките ќе бидат вградени во завршните документи со препораки за нивна имплементација, што  ќе придонесе и во подобрувањето на конечниот текст на Функционалната анализа и Извештаите.

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското  осигурување истакнал дека сите активности што ќе придонесат Фондот да биде поефикасен во работата, секогаш ќе бидат внимателно разгледани и  добредојдени.

Во таа смисла, како што посочил, и соработката на овој Проект е солидна можност да се постигне саканата цел на раководството на Фондот односно задоволни корисници и осигуреници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ