Според податоците од пладневните часови, ГЕРБ-УДФ, предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов, освоила 26,57 отсто од гласовите, а на второ место е сојузот Продолжуваме со промени-Демократска Бугарија со 24,66 отсто, пренесе агенцијата БТА.
Следува Вараждане со 14,22 отсто, Движење за права и слободи со 13,39 отсто, БСП за Бугарија со 8,97 и на крај Има таков народ (ТИСП) со 4,13 отсто.
Имало 108.504 празни гласачки ливчиња.
Засега не се знае кој ќе и дали ќе формира нова влада, бидејќи ова се петти предвремени избори во последните две години.