четврток, 5 декември 2024

На иницијативата на Левица денеска Уставниот суд ќе расправа за разрешувањето на Фадил Зендели

Објавено на

часот

Сподели

Подносителот на иницијативата смета дека пратеник не може да биде разрешен од работно тело на Собранието без предлог на матичната Комисија за прашања на изборите и именувањата, затоа што тоа е спротивно на уставното начело на уставност и законитост.

Во наводите на иницијативата пишува дека оспорениот акт го нарушува системот на нормативна хиерархија и овозможува заобиколување на предвидените уставни и законски норми.

Според подносителот, меѓу другото, оспорениот акт не ги исполнува кумулативно сите деловнички услови за да се најде на дневен ред на собраниска седница.

Разрешувањето на Зендели беше побарано откако Движењето Беса премина во опозиција и мнозинство во Комисијата за избори и именувања наместо власта, имаше опозицијата. Поради блокадата на работата на Комисијата, беше закочен и изборот на нови членови на Уставниот суд, како и други именувања.

На дневен ред на денешната седница на Судот се и иницијативите поднесени за одредби од Законот за медијација и Законот за пензиското и инвалидското осигурување. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ