среда, 2 октомври 2024

Н1: Присутните вџашени од наводите на Асанж за обемот на притисокот од САД и ЦИА

Во Стразбур, во зградата на Советот на Европа, многумина се во неверица од обемот на злоупотребата на законите од страна не само на Соединетите Американски Држави, туку и на Велика Британија и Шведска, јави дописникот на Н1 од тој град.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Повеќето му упатија неколку аплаузи на Асанж во моментите кога зборуваше дека новинарството е на мрачен крстопат или дека, кога новинарството ги загрозува интересите на поединци или големи сили, тие имаат начини да ги гонат тие поединци, дури и ако се борат за вистината…“, јави дописникот.

„Пратениците тука се најмногу тука изненадени од тој степен на ангажирање на ЦИА за кој зборуваше Асанж, значи за тоа како се обиделе, како што рече, да го киднапираат и да го убијат во амбасадата, вршеле притисок врз неговото семејство, се обиделе да добијат ДНК од неговиот син и слични работи. Пратениците беа изненадени и од тие транснационални притисоци што Соединетите Американски Држави успеале да ги применат во овој случај и врз своите партнери, а ги шокираше и нивото на злоупотреба на правосудниот процес во повеќе држави, особено европските.“

„Она што особено ги вџаши е тврдењето на Асанж дека само американските граѓани се заштитени, дека имаат право на слобода на говорот, а дека тоа не се однесува на Европејците и другите граѓани на светот. Тоа е тој момент што особено ги изненади тукашните пратеници, како и, да кажеме, злоупотребата на европскиот заеднички акт за апсење, кој беше применет во неговиот случај од страна на Шведска, кога таа држава го побара од Велика Британија по обвинувања за сексуален напад, кои подоцна беа отфрлени“, рече дописникот на Н1.

„Она што е особено интересно е неговиот одговор на прашањето дали би направил сѐ повторно. Од него провејува критика делумно кон она што се случуваше во овој случај, како што рече, повеќе би ги заштитил своите извори, бидејќи би се потрудил да има поголема политичка сила, би имал поголем политички пристап и одделни медиумски партнери би ги сменил.“

„Зборуваше и дека големите медиуми го разочарале бидејќи главно оделе во согласност со геополитичките определби на своите држави, и малку известувале за неговиот случај и се воздржувале. Како што рече, сега ги гледаме последиците од тоа и во Русија, каде што новинарите се прогонувани и убивани, а дека практично во овој момент никој не може да направи ништо.“

„Од сите нас зависи како во иднина ќе изгледа новинарството, новинарите мора да се држат заедно, не смеат да се отфрлаат еден со друг“, рече Асанж.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ