четврток, 5 декември 2024

Мусиала го добива најбогатиот договор во историјата на Баерн тежок 100-125 милиони евра

Медиумите од Германија пренесуваат дека Џамал Мусиала ќе го добие најбогатиот договор во историјата на Баерн Минхен, пакетот ќе биде вреден 100-125 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

„Баварците“ работат на продолжување на договорите на неколку играчи и се верува дека се блиску до задржување на Џамал Мусиала.

Се говори дека офанзивниот фудбалер ќе го добие најбогатиот договор во историјата на Баерн за да продолжи во Минхен.

Неговата плата ќе биде преку 20 милиони евра во сезона слично како онаа на Хари Кејн и Роберт Левандовски (одредени извори пишуваат дека платата ќе биде и до 25 милиони евра по сезона).

Но главна разлика е тоа што Џамал Мусиала ќе стави потпис на четири или пет години и целиот пакет ќе вреди 100-125 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ