четврток, 5 декември 2024

Муцунски – Фајон: Словенија ќе ѝ помогне на Македонија да ги исполни условите за членство во ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО, во Брисел имаше средба со неговата словенечка колешка Тања Фајон. 

Објавено на

часот

Сподели

Како што објави словенечкото Министерство за надворешни работи на Икс, главна тема на средбата била европската перспектива на земјава.

„ Словенија е голем поддржувач на проширувањето на ЕУ. Затоа ќе се потрудиме да ви помогнеме да ги спроведете вашите обврски за исполнување на условите членство“, порачала Фајон на средбата.

Во изјава при доаѓањето на министерскиот состанок, Фајон го поздрави именувањето на поранешната македонска вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, оценувајќи дека тоа претставува признание за земјава и придонесува за поголема родова еднаквост во Алијансата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ