четврток, 5 декември 2024

Мозочните функции почнуваат да опаѓаат уште на 45 години

Објавено на

часот

Сподели

Способноста на мозокот да функционира може да почне да опаѓа уште на 45 години, тврди една студија на Британскиот медицински журнал.
Истражувачи од Универзитетскиот колеџ во Лондон откриле опаѓање од 3,6% во менталното резонирање кај жени и кај мажи на возраст од 45-49 години.
Тие ги оценувале меморијата, речникот и способноста за разбирање на 7.000 мажи и жени на возраст од 45 до 70 години, во период од 10 години. Фондацијата Алцхајмерово општество изјави дека се потребни истражувања за тоа како промените во мозокот може да помогнат при дијагностицирање на болеста. Претходните истражувања сугерираа дека опаѓањето на сознајните способности почнуваат во втората половина од петтата деценија на животот.
Но резултатите од ова истражување покажаа дека тоа всушност може да почне во средните години. Научниците велат дека ова е важно поради тоа што третманите против деменција (опаѓање на мозочната функција) имаат најмногу шанси за успех во времето кога пациентите почнуваат да ги доживуваат менталните проблеми.
Истражувачите на Универзитетскиот колеџ во Лондон ги тестирале сознајните функции на 5.198 мажи и 2.192 жени помеѓу 45 и 70, сите британски државни службеници, од 1997 до 2007. Ним им биле тестирани меморијата, вокабуларот и оралниот и визуелниот опсег. Разликите во нивото на образованието исто така биле земени предвид.
Резултатите од тестирањата покажуваат дека сознајните способности опаѓаат во сите категории освен вербалните и дека опаѓањето е побрзо кај постарите луѓе. Истражувањето открило 9,6% опаѓање во резонирањето кај мажите меѓу 65-70 години и 7,4% кај жените на истата возраст.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ