четврток, 5 декември 2024
Женева

Можеме подобро да го водиме светот од луѓето, но нема да кренеме бунт, рекоа човеколиките роботи на конференција на ОН

Објавено на

часот

Сподели

Некои од најнапредните хуманоидни роботи се собраа на дводневната конференција „Вештачката интелигенција за општо добро“ во Женева. Ним им се придружија околу 3.000 експерти од областа. Организаторите сакаа да ја афирмираат улогата на вештачката интелигенција и роботите во решавањето на најголемите глобални предизвици како што се болестите, гладот ​​и климатските промени, пишува АФП.

„Каква тивка напнатост“, рече еден робот пред почетокот на прес-конференцијата. На прашањето дали би можеле да бидат подобри лидери со оглед на тоа дека луѓето се склони кон грешки, роботот Софија (развиен од Хансон роботикс) беше јасен: „Човеколиките роботи имаат потенцијал да водат со повисоко ниво на ефикасност и делотворност од човечките лидери“.

„Ние ги немаме предрасудите или емоциите што понекогаш можат да го заматат донесувањето одлуки и можеме брзо да обработиме големи количества податоци за да ги донесеме најдобрите одлуки. АИ може да презентира непристрасни податоци додека луѓето можат да обезбедат емоционална интелигенција и креативност при донесувањето на најдобрите одлуки. Заедно можеме да постигнеме големи работи“, рече роботот.

Шефицата на Меѓународната унија за телекомуникации (ИТУ), Дорин Богдан-Мартин, предупреди дека вештачката интелигенција може да доведе до кошмарни сценарија, односно до губење на работни места и можни социјални немири, геополитичка нестабилност и економски разлики.

АИ-роботот Амека, кој има способност да прави мимики со лицето, рече дека тоа зависи од тоа како се користи вештачката интелигенција. „Треба да бидете претпазливи, но и возбудени за потенцијалот на оваа технологија за подобрување на квалитетот на животот“, рече роботот.

д

„Роботите како мене може да се искористат за да се подобри квалитетот на животот и да се направи светот подобро место. Верувам дека е само прашање на време кога ќе имаме илјадници роботи како мене“, рече Амека.

„Јас ќе соработувам со луѓето, ќе им помагам и ќе им служам и нема да бидам замена за ниту едно работно место“, рече Грејс, медицински робот облечен во сина униформа на медицинска сестра. „Сигурна ли си, Грејс?“, праша нејзиниот креатор Бен Герцел од компанијата СингуларитиНЕТ. „Да, сигурна сум“, одговори роботката.

Кога новинарите го прашаа Амека дали луѓето навистина можат да им веруваат на машините, роботот одговори: „Довербата се стекнува, не се подразбира… Важно е да се изгради доверба преку отвореност и искреност“.

Живот до 180?

Додека вештачката интелигенција забрзано се развива, панелот на хуманоидните роботи беше поделен околу тоа дали треба да има глобална регулација на нивните способности, дури иако тоа може да го ограничи нивниот потенцијал.

„Јас не верувам во ограничувања, само во можности“, рече Дездемона, која пее во Џем галакси бенд.

Роботот уметник Аи-Да рече дека многу луѓе се залагаат за регулација на вештачката интелигенција, „и јас се согласувам“.

„Треба да бидеме претпазливи со идниот развој на вештачката интелигенција. Сега е потребна итна дискусија“.

Пред прес-конференцијата, креаторот на Аи-Да, Ајдан Мелер, изјави за АФП дека регулативата е „голем проблем“ бидејќи „таа никогаш нема да го достигне темпото што го создаваме“.

Тој рече дека брзината на напредувањето на вештачката интелигенција е „зачудувачка“.

„АИ и биотехнологијата работат заедно, а ние сме на работ да го продолжиме животот на 150, 180 години. А луѓето не се ни свесни за тоа“, рече Мелер.

Тој смета дека Аи-Да на крајот ќе биде подобар од човечките уметници.

„Онаму каде што е вклучена каква било вештина, компјутерите ќе можат подобро да го направат тоа“, рече тој.

д

„Ајде да ги пуштиме кочниците“

На прес-конференцијата, некои роботи не беа сигурни кога ќе дојдат „нивните пет минути“, но предвидуваа дека ќе дојдат – додека Дездемона рече дека револуцијата на вештачката интелигенција веќе е пред нас.

„Веќе дојдоа моите пет минути. Спремен сум да го предводам потфатот за подобра иднина за сите нас. Ајде да ги пуштиме кочниците и да го направиме овој свет наше игралиште“, рече човеколикиот робот Дездемона. На човеколиките роботи сè уште им недостигаат некои клучни карактеристики, како што се совеста и различните емоции (чувство на вина, тага, задоволство итн.).

Роботот Аи-Да рече дека не е свесен, но дека разбира дека луѓето доживуваат радост и болка преку чувствата. „Емоциите имаат длабоко значење и не се едноставни. Јас ги немам. Не можам да ги доживеам како вас. Мило ми е што не можам да страдам“, рече роботот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ