ОМВ соопшти дека примиле допис од компанијата Газпром експорт, подружница на рускиот државен енергетски џин Газпром.
Прекинувањето на испораката се смета за реакција на арбитражната пресуда според која Газпром мора да ѝ плати на ОМВ 230 милиони евра.
Се очекува австрискиот канцелар Карл Нехамер да даде изјава подоцна денес.
Австрија е и понатаму прилично зависна од рускиот гас.
Прекинувањето на транзитот се надоврзува на пресудата на австрискиот арбитражен суд од четвртокот според која руски Газпром мора на австриската енергетска и хемиска компанија ОМВ да ѝ исплати 230 милиони евра поради нередовни испораки и целосниот прекин на гас во Германија.