среда, 26 јуни 2024
На марггините на Самитот за Украина

Moра да ги подобриме односите, рече Сиљановска Давкова по средбите со Мицотакис и Главчев

Претседатеката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова објави дека на маргините на Самитот за мир во Украина остварила средби „за запознавање“ со премиерите на Грција, Киријакос Мицотакис и на Бугарија, Димитар Главчев и нагласи дека односите „мора да ги подобруваме“.

Објавено на

часот

Сподели

„На маргините на Самитот за мир во Швајцарија остварив средби за запознавање со премиерите на Грција, Киријакос Мицотакис и на Бугарија, Димитар Главчев. Со нетрпение очекувам да се вклучиме во продуктивни дискусии со нив во корист на нашите држави и регионот. Мора да соработуваме и да ги подобриме меѓусоседските односи, пишува претседателката Сиљановска Давкова.

Таа денеска имаше обраќање на пленарната сесија на Самитот за мир во Украина, што викендов се одржа во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ