четврток, 5 декември 2024

ММФ до владите: Вештачката интелигенција ќе загрози некои работни места, потребна е регулација

Објавено на

часот

Сподели

„Владите, институциите и законодавците мора да бидат брзи во регулацијата на сите подрачја, но и во подготовките за веројатно значителните нарушувања на пазарите на трудот“, кажа Гопинат во интервју за финансискиот весник Фајненшал тајмс.

На владите им порача да ги зајакнат социјално-заштитните мрежи за работниците чии места вештачката интелигенција ќе ги загрози и да водат смета за тоа со даночни мерки да не ги наградуваат компаниите кои работниците ги заменуваат со машини.

„Мора да се погрижат и компаниите да не изградат недостижна позиција во новата технологија“, истакна функционерката на ММФ. „Не сакате ултраголеми компании со големи количества податоци и компјутерска сила кои им даваат нечесна предност“, порача Гопинат во интервјуто за ФТ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ