сабота, 16 ноември 2024
Пратеничката со констатација

Мизрахи: Преку Анкетната комисија се увиде дека случајот Онкологија е повеќе од трагедија

Пратеничката Рашела Мизрахи која ја раководи собраниската Анкетна комисија за случајот Онкологија денеска изјави дека преку сослушувањата пред комисијата се увидело дека скандалот на таа клиника е повеќе од трагедија. „Тоа значи дека е нарушено уставното загарантирано право за живот, како и темелните вредности на македонскиот Устав, а тоа е хуманизам и солидарност. Тука е нарушено правото сите граѓани подеднакво да добијат здравствена помош, да им биде укажана здравствена помош и да им се зачува нивното право за живот. Односно се правело своевидна селекција“, рече Мизрахи.

Објавено на

часот

Сподели

„Анкетната комисија започна со својата работа пред околу четири недели и досега ислушавме 52 сведоци од повиканите 62. Десетмина одбија да присуствуваат од одредени причини, дали здравствени или пак неможност да се присуствува. И тоа дава еден неубав впечаток за оние кои што не присуствувале, дека ете дека не сакаат да споделат со јавноста информации кои што ги знаат во врска со скандалот Онкологија. Скандалот е повеќе од трагедија“, рече Мизрахи во партиската дебата „Случај диво месо – мора да има одговорност за канцер-мафијата“.

„Јас би се надоврзала малку и на исказите на докторите од претходно, знаете Владата носи свои политики, министерот за здравство носи здравствени политики. Ако здравствената политика е да го наруши целосно системот за здравство и контролните механизми тоа е веќе намерно и тенденциозно создавање услови за последици како што гледаме, за трагедии“, рече Мизрахи.

Таа посочи дека процедури, протоколи, опрема, надзорот на работата на здравствените установи и имањето на процедури, имањето на протоколи, имањето на увид на опремата ја прави министерот за здравство. И исклучување на опрема од функција треба да биде евидентирана во министерството во првите 24 часа по исклучување на истата.

„Е, сега имате министер кој што ништо не видел, ништо не слушнал, никаков увид немал над работата на клиниката. Го имаме Фондот за здравствено осигурување каде што директорот исто така е одбран од Владата, значи седат заедно со министерот и тој ништо не приметил. Имате МАЛМЕД така веќе познат во јавноста како Биро за лекови, кои што немале увид и ниедна контрола не направиле на веледрогериите за набавка на медикаменти. Го имате Државниот здравствен и санитарен инспекторат кој што никогаш не видел што се случува на клиниката. За да стигнеме до ваква трагедија“, појасни пратеничката.

Таа рече дека во Македонија се создаде една атмосфера во која што на крајот „кабелот е крив“. Ама системските дефектури ги прави лидерот на системот, рече, а не ги прави кабелот, ниту хаус мајсторот, ниту докторот, ниту медицинската сестра.

„Дали се откриени одредени дефектури во работата на сестрите? Да. Меѓутоа тоа системската дефектура е владина дефектура“, нагласи Мизрахи.

„Увидовме дека системот е во колапс, и е тотално дисфункционален“, оцени таа. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ