четврток, 5 декември 2024

Министерството за земјоделство и шумарство најавува акции за пошумување и превенција од пожари

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во вчерашното гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија најави дека на ниво на Влада е формирана работна група во делот на справување и превенција со пожари, бидејќи се воочи оваа година дека Македонија нема систем за рано детектирање, првенција и справување со пожари. И се работи на подолгорочна стратегија.

Објавено на

часот

Сподели

„Веќе сме во комуникација со директорот на ЈП Национални шуми во периодот за да се спроведат низа акции за пошумување на оние подрачја коишто беа зафатени од пожар во претходните години“, истакна министерот.

Тој посочи дека и оваа значајна гранка е ставена во приоритет.

„Имаме зголемување на средствата во делот на пошумување за наредните години. И наша обврска согласно програмата на Влада е да вршиме пошумување на опожарени површини се со цел да ги вратиме белите дробови во една здрава функција“, нагласи министерот.

Меѓу другото министерот Трипуновски истакна дека вработените во ЈП „Национални шуми“ веќе имаат редовни примања.

„ Продукцијата на јавното претпријатие на коешто сржта на основата е да продуцира дрвна маса, да има за нашите сограѓани итн. веќе се зголемува. Се работи на одредена реорганизација внатре за да се зголеми продуктивноста“, истакна министерот Трипуновски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ