недела, 17 ноември 2024
Изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Ковачевски се крие под фустанот на ДУИ, ако тврди дека ќе победи СДСМ, тогаш ајде на избори

Тоа што премиерот Ковачевски вели дека СДСМ ќе го порази ВМРО-ДПМНЕ на избори нема друг начин како да се провери освен да излезе од под фустанот на ДУИ и да прифати да излеземе на избори, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Општина Аеродром каде имаше средба со градоначалникот. Тој оцени дека македонската држава под водство на оваа власт нема капацитет да ги извлече македонските државјани од Блискиот Исток.

Објавено на

часот

Сподели

„Чудна смисла за хумор има Ковачевски, морам да признам. Но, има само еден начин тоа да го покаже и докаже, наместо како кукавица да биде под фустанот на коалициониот партнер ДУИ, нека излезе на избори и ќе видиме кој кого ќе победи и какви ќе бидат резултатите, рече Мицкоски.

Тој оцени дека „има мали карактери кај кои што проработува филозофијата на нивната фрустрација и честопати знаат таа фрустрација и во јавност да ја артикулираат.

Прашан да ја искоментира изјавата на Али Ахмети дека ДУИ не гледа потреба од лидерска средба, Мицкоски рече дека како и да е, роковите за избори ќе дојдат.

„Ако не прифаќаат лидерска средба, роковите ќе дојдат. Уставот и законите се немилосрдни. За неколку месеци од денеска почнуваме со кампања за претседателските избори што треба да се случат оваа пролет. Така што, дали датумот ќе биде утврден со лидерска средба или по насилен пат во ред. Тоа е нивна одлука. Ние ценевме дека е државнички пристапот да седнеме како што  било пракса повеќе од три децении да се утврдат датумите за да не влеземе потоа во еден вид политичка и уставна криза. Цениме дека како опозиција треба да бидеме државотворни и одговорни за иднината на Македонија, рече Мицкоски.

Осврнувајќи се на ситуацијата во Израел и Појасот Газа, оцени дека македонските државјани кои се наоѓаат таму, се оставени сами да се снаоѓаат.

„Таму имаме заглавено македонски граѓани кои, за жал, се снаоѓаат кој како умее и знае затоа што во Владата се оптоварени во насока на тоа кој повеќе тендери да украде, кој повеќе провизии да собере и кој повеќе да направи скандали. Тоа не е добро бидејќи гледаме како околните држави испраќаат чартер летови. Државјани на Црна Гора, Србија,  Хрватска, Босна и Херцеговина се веќе тука, а за нашите сограѓани нема кој да води сметка и да ги донесе“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ