четврток, 5 декември 2024

Мицотакис: Прашањето со Македонија не е билатерално, се однесува и на Европа, па и на НАТО

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за грчката телевизија „Антена“, говорејќи за односите со Македонија  уште еднаш ја повтори позицијата дека очекува јасен став од македонскиот државени и политички врв дека го почитува Договорот од Преспа.

Објавено на

часот

Сподели

„ Верувам дека земјата ќе сфати дека не е во нејзин интерес да инсистира на ставот што создава проблеми со нејзиниот најголем сосед, кој исто така е и голем инвеститор во земјата и од кого очекува поддршка на европски пат“, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Потоа Мицотакис се надоврза со мислењето дека, „за жал, сè уште постојат сили кои сметаат дека ќе имаат политичка корист ако ги разбудат старите духови на балканскиот национализам“, додавајќи дека ова „во голема мера се случи со актуелната влада на С. Македонија, и во предизборниот период, но до одреден степен и по изборите“.

Тој ги повтори позициите за Договорот од Преспа што ги имаше пред Нова демократија да дојде на власт и уште еднаш посочи дека „името на државата е Северна Македонија, тоа не се оспорува, без разлика дали се претставува во странство или името се користи за внатрешна употреба“.

„ Северна Македонија не може да избега од ова предвидување. Гледам во последните два месеци дека Владата до одреден степен го сфати тоа. Она што го очекувам, не само јас, бидејќи прашањето не е билатерално, се однесува и на Европа, до одреден степен се однесува и на НАТО, е многу јасна изјава на државниот и политичкиот врв дека почитувањето на Договорот од Преспа е целосно и дека името на земјата е Северна Македонија, без разлика дали го користат вон земјата или во внатрешноста на земјата. Верувам дека се движиме во вистинската насока“, рече Мицотакис.

На прашањето на новинарот дали треба Грција „поинтензивно да ги информира сојузниците за ставот на С. Македонија“, Мицотакис кусо одговори дека веќе го сториле тоа.

Интервјуто за телевизијата „Антена“ беше од Солун по повод отворањето на метрото, а Мицотакис говореше за сите теми поврзани како со надворешната, така и со внатрешната политика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ