четврток, 5 декември 2024

Мицкоски од Брисел: Ултиматуми не прифаќаме, ќе прифатиме сѐ што е принципиелно за државата и граѓаните 

Денеска сме тука да ја испратиме онаа порака која што и до сега ја испраќавме, а тоа е дека македонската Влада останува фокусирана на реформи, останува фокусирана на обезбедување подобри услови за живот на македонските граѓани и нормално наша главна цел останува да биде полноправно членство на нашата Македонија во рамките Европската Унија, изјави попладнево македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој денеска престојува во Брисел каде вечерва ќе присуствува на неформална работна вечера што за лидерите од земјите од регионот на Западниот Балкан ја организира новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска имав можност да остварам две билатерални средби. Едната е со госпоѓата Марта Кос којашто е новиот комесар за проширување и господинот Антонио Кошта којшто е новиот претседател на Европскиот Совет. И на двете средби во исклучително пријателска, и би рекол срдечна и конструктивна атмосфера разговараме за сето она што ние досега го имаме поминато како предизвик во минатото, за сето она кое што ние требаше и се откажавме во името на европските вредности, но истовремено ги реафирмиравме нашите ставови дека ултиматуми не прифаќаме, дека сме подготвени да разговараме и подготвени сме да разговараме онолку колку што е потребно за да најдеме начин како да го отвориме првиот кластер, брзо да го поминеме тој процес на преговори и да станеме земја членка во Европската Унија.

Остануваме посветени на обезбедување подобар живот за нашите граѓани, а како дел од таа агенда е и нашата целосна инспирација да бидеме дел од европското семејство“, изјави Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ