Многу редок модел на Мерцедес – СЛР купе од 1955 година, кој бил чуван во колекцијата на автомобилската компанија, му е продаден на приватен сопственик за 143 милиони долари (135 милиони евра).
Со таа сума, овој автомобил стана најскапиот некогаш продаден во светот, според Хагерти, компанија која ја следи вредноста на колекционерските автомобили.
Парите од продажбата ќе се искористат за основање глобален фонд на Мерцедес за стипендирање, се наведува во соопштението на компанијата.
Претходната рекордна цена за еден автомобил беше 70 милиони долари, а беше платена во 2018 година за моделот ферари 250 ГТО произведен во 1963 година.
[video:https://youtu.be/xOG_-KN4taU autoplay:0]