четврток, 28 ноември 2024
Лига Европа

Мендилибар: Рома е поинаков тим од Манчестер јунајтед и Јувентус

Објавено на

часот

Сподели

Севиља има шест трофеи во Лига Европа од исто толку финалиња, честа овојпат да се бори за трофејот ја има Хозе Луис Мендилибар.

„Историјата не лаже, во изминатите 20 години Севиља е најдобра во ова натпреварување. Трофеите во трофеј кабинетот го потврдуваат тоа“, вели тренерот на Севиља, Мендилибар.

„Луѓето не се задоволни само со добар перфроманс, тие сакаат да се освои Лига Европа. Игравме добро до финалето, сега играме против поинаков тим и уверен сум дека ќе одиграме добро“.

„Двете екипи го заслуживме финалето. И двете екипи ќе дадеме се за да победиме во финалео. На вакви натпревари буџетот не е важен. Мора да не правиме грешки, ќе се обидеме тоа да го сведеме на минимум“.

„Победивме големи тимови, и нашиот приод ќе биде ист. Ќе видиме кој ќе победи“.

„Тие немаат проблем да се бранат, додека ние сакаме да нападнеме. Тие знаат како да играат и во двете половини од теренот. Рома е тежок противник. Тие не се нервозен тим кога одминува времето. Ќе мора и ние да бидеме смирени“.

„Рома нема ништо слично со Јунајтед и Јуве. Сите тие се силни, но Рома е поинаква. Ќе се обидеме да го победиме нашиот противник. Доколку не ја губиме поседта на топката ќе имаме шанси да го добиеме мечот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ