четврток, 5 декември 2024

Mеморандум за соработка помеѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и штипскиот Универзитет

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип Дејан Мираковски денеска потпишаа меморандум за соработка, се вели во писменото соопштение од министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Меморандумот предвидува заедничко унапредување на законската регулатива во областа на енергетиката, рударството и минералните суровини, апликација за проекти кои ќе овозможат развој на нови технологии, како и организирање на практикантска работа за студентите.

Објавено на

часот

Сподели

Во писменото соопштение се наведува дека со оглед на тоа што секторот за рударство и минерални суровини во Македонија се соочува со сериозен недостиг на стручен кадар, оваа соработка е значајна за брза подготовка на едуцирани млади професионалци. Практикантската работа, стручната експертиза и можноста за директен пренос на знаење ќе обезбедат студентите да станат подготвени и високо квалификувани кадри.

„Соработката со еден од најреномираните Универзитети во земјата е чекор кон обезбедување сигурна иднина во енергетиката и рударството. Со овој меморандум, вложуваме во едукација, иновации и нова генерација стручњаци“, изјави Божиновска.

Ректорот на УГД-Штип Мираковски по потпишувањето на меморандумот вели  дека Универзитетот ќе вложи максимални напори во создавање кадар кој ќе одговори на предизвиците на оваа значајна индустрија, со посебен акцент на примената на нови технологии. Особено значајна е можноста за студентите да се вклучат во креирањето на јавни политики преку изработка на магистерски и докторски тези на теми релевантни за развојот на енергетиката и рударството.

„Нашите студенти имаат шанса да стекнат уникатно искуство и да придонесат за подобра иднина во индустријата која е мотор на економскиот развој“, вели Мираковски.

Во соопштението на министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се вели дека со овој меморандум, државата испраќа порака дека инвестирањето во образованието е основата за стабилен и одржлив развој на секторите кои се одвитално значење за Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ