Израелските населби на Западниот Брег и Источен Ерусалим и нивните власти се формирани со кршење на меѓународните закони, изјави претседателот на МСП, Наваф Салам.
Судскиот совет, составен од 15 членови, заклучи дека Израел има обврска да плати отштета на луѓето евакуирани од населбите во областа.
Израелското Министерство за надворешни работи оцени дека одлуката на Меѓународниот суд на правдата е суштински погрешна и еднострана и дека политичко решение во регионот може да се постигне само со преговори.
Еврејската нација не може да биде окупатор на сопствената земја, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесе Ројтерс.