четврток, 5 декември 2024

Меџити ја пофали Дирекцијата за заштита и спасување, но побара и нејзино реформирање

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска денес ја посети Дирекцијата за заштита и спасување, каде беше пречекан од директорот Џеват Селами.

Објавено на

часот

Сподели

Директорот Селами на состанокот, на кој присуствуваше раководството на дирекцијата, информираше за секојдневните активности што ги презема оваа институција.

Првиот вицепремиер Меџити ја пофали работата на оваа дирекција, за која изјави дека одигра многу важна улога во брзите и ефективни одговори на различните кризи што ја погодија државата, ја има и ќе ја има континуираната поддршка од Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање.

„ Спроведувањето на мерки за заштита на граѓаните од природни и вештачки ризици, идентификување и анализа на ризици кои можат да влијаат на безбедноста на граѓаните и инфраструктурата, се дел од главните задачи на оваа дирекција, и овие активности се превземаат многу успешно“, рече Меџити, додавајќи дека  нивната реализација бара координација на активностите и тесна соработка со централните и локалните институции, како и со релевантните организации за да се обезбеди ефективен одговор на кризите.

Меџити изјави дека Дирекцијата за заштита и спасување започнала сериозна агенда за реформирање на сегашниот систем, со цел подобрување на ефикасноста и ефективноста на својата дејност, со целосна посветеност да им служи на граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ