вторник, 2 јули 2024

Маврово-Ростуше забрани движење на камиони за време на викенди

Сите девет советници во Советот на Општина Маврово-Ростуше гласаа за донесувањето на Заклучокот со кој во периодот од 1 јули па сѐ до 1 септември годинава за време на викенди ќе биде забрането вршење градежни работи.

Објавено на

часот

Сподели

На седницата на советот, советникот Ристе Попоски ја образложи потребата од донесување на ваков заклучок и потсети дека советот на општината секоја пред почетокот на туристичката сезона во Маврово го усвојува овој заклучок.

Со заклучокот е забрането вршење градежни работи и тоа ископ и транспорт на земја и градежни материјали на регионалниот пат Брана – село Маврово во периодот од 1 јули до 1 септември 2024 година за време на викендите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ