Денеска во салата „Борис Трајковски“, македонските одбојкарки уште еднаш беа поразени во меч од Сребрената европска лига, Летонија која важеше за фаворит, ја правда таквата улога и победи без да ѝ земеме сет.
Нашите одбојкарки беа одлични во првиот сет, го загубивме со 23-25, а играта најавуваше дека мечот ќе трае подолго, но не беше така.
Во вториот сет почнавме одлично, имавме водство од 6-3, но противникот го крена нивото, брзо го сврте резултатот и го доби сетот со убедливи 18-25.
Со ист резултат заврши и третиот сет, со таа разлика што Летонија ја имаше доминацијата од самиот почеток и само го одржуваше водството до крајот.
Тамара Стојанова со 11 поени беше најдобрата одбојкарка во составот на Македонија, Симона Стојановска и Љиља Ковачевиќ имаа по шест поени, Марина Николова четири.
Следниот меч на Македонија е во сабота против Естонија со почеток од 17:30. Естонките имаат две победи по првите две кола и се на првото место на табелата.