среда, 11 декември 2024

Голем руски напад врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

Утринава одекнаа експлозии во украинските градови Одеса, Кропивницки, Харков, Ривне и Луцк, објавија украинските медиуми Зеркало Тижња и Суспилне, кои наведоа дека се работи за руски напад со крстаречки ракети.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Енергетската инфраструктура повторно е цел на масовен непријателски напад“, напиша на Фејсбук украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко.

„Непријателот продолжува да го напаѓа Харков со проектили“, напиша градоначалникот Ихор Терехов на апликацијата за размена на пораки Телеграм.

Гувернерот на регионот Одеса, Олех Кипер ги повика жителите да останат во засолништа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ