петок, 13 декември 2024

Украински претставник го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

Олександр Мережко, украински претставник од партијата на Володимир Зеленски, го номинираше новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, за Нобеловата награда за мир за 2025 година. Киев Индипендент имал увид во писмото што тој го испрати до норвешкиот Нобелов комитет.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Овој потег е во спротивност со изјавите на многу украински официјални лица кои го критикуваа Трамп дека го фали рускиот претседател Владимир Путин и ја доведува во прашање понатамошната американска помош за Украина. Трамп вети дека ќе посредува за мировен договор за ставање крај на војната во Украина, а Украинците стравуваат дека може да изврши притисок врз Киев да ѝ отстапи територија на Русија или да се согласи со условите на Путин.

Сепак, некои украински политичари и аналитичари тврдат дека Трамп може да му помогне на Киев да постигне поволен мировен договор со Русија. „Верувам дека Трамп значително придонесе за светскиот мир и дека може да направи уште повеќе во иднина“, напиша Мережко, кој ја извршува и функцијата претседател на комисијата за надворешна политика на украинскиот парламент.

Тој го спомена посредувањето на Трамп во договорите меѓу Израел и муслиманските земји, вклучувајќи ги Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Судан, за време на неговиот прв претседателски мандат.

„Трамп, исто така, ги постави темелите за денешната меѓународна коалиција за поддршка на Украина, демонстрирајќи глобално лидерство во снабдувањето со оружје за отпорот на руската бруталната и незаконска агресорска војна“, нагласи Мережко во очигледната референца на одлуката на Трамп да ѝ достави на Украина противтенковски ракети Џавелин за време на својот прв мандат.

Тој изрази надеж дека Трамп „во своите обиди да ја запре руската агресија против Украина ќе бара решение засновано на меѓународното право, вклучувајќи принципи како територијален интегритет, почитување на суверенитетот на Украина и неупотреба на сила“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ