понеделник, 25 ноември 2024

Македонската индустријата има 1 отсто повеќе работници од минатата година

Бројот на работници во индустријата во периодот јануари – септември 2024 година е за еден отсто повисок во однос на истиот период лани, додека во септември 2024 година во однос на септември 2023 година е намален за 2,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика.

Објавено на

часот

Сподели

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи пораст од 4,6 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1 отсто, додека опаѓање бележи во секторот Преработувачка индустрија за 2,7 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4,6 %, Капитални производи за 6,1 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 24,2 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,6 %.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ