Според СМП, пријавениот поранешен началник, на 17 септември 2024 година на барање од страна на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) за произнесување во врска со поднесена писмена претставка против него како потенционален дискриминатор вршител на директна и индиректна дискриминација врз вработен во МВР полициски службеник распореден на работно место во полициска станица за граничен надзор при Регионален центар за гранични работи Север, пред комисијата дал лажен писмен исказ.
„Пријавениот дал лажен исказ дека полицаецот немал полициско овластување, а од кои прични не бил еднакво третиран со останатите вработени при распределба на работни обврски со прекувремена работа и поради кое што немал право на еднаква работа и право на еднаква исплата на плата, како и дека вработениот кој пријавил дека не му биле овозможени соодветни обуки кои му биле забранети во период на три години се прознел со исказ од дека полицискиот службеник бил номиниран како слушател на обуки од различни области согласно неговиот опис и попис на работно место, кога иако знаел дека дава неточни податоци истото свесно го сторил со цел за да ја прикрие вистинската причина“, соопштија од СМП.
Според синдикатот, врз основа на овој негов писмен исказ даден во процесна постапка пред КСЗД била заснова одлука да се донесе мислење дека не се се утврдува дискриминација од страна на Б.Д, врз вработениот сега оштетен полициски службеник, како и заклучок дека не се поведува постапка по претставката поднесена од страна на Синдикатот на македонската полиција, заради поклонета верба на пријавениот поранешен началник на Регионалниот центар за гранични работи кој во својство на службено лице свесно дал лажен писмен исказ.
„Дека се работи за давање на лажен исказ во процесна постапка пред комисијата, се потврдува со акти од 24 октомври 2024 година на Инспекцискиот совет, кој државен орган, од страна на СМП иницирано барање за вршење на вонреден инспекциски надзор на адресата Регионален центар за гранични работи Север при МВР, ја има констатирано вистинската фактичка состојба, а тоа е дека на полицискиот службеник не му било одземено овластувањето и дека на вработениот не му биле воопшто спроведени обуки ниту за воведување во работата ниту пак континуирана обука со што се потврдува дека на работникот волево му биле прекршувани работните права кога и намерно бил попречуван преку неовозможување и спречување посети на обуки за да не напредува во професионалната кариера“, велат од СМП.
Оттаму побараа ОЈО Скопје „да постапи непристрасно со што ќе покрене обвинителен акт и со тоа да покаже дека конечно е започнато законите еднакво да важат за сите“.
„Владеење на правото подрзабира секое лице е предмет на законот“, велат од СМП.