вторник, 26 ноември 2024

Македонија ја победи Ерменија во Ереван и дојде на чекор до Б-дивизијата

Македонската фудбалска репрезентација со 2-0 победи на гостувањето кај Ерменија и практично го освои првото место во групата со кое ќе се качиме во Б дивизијата на Лигата на нации.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија врза три победи по ред и тоа три без примен гол што е учинок кој го постигнуваме првпат во нашата историја.

Денеска настрада селекцијата на Ерменија која вторпат ја победуваме во оваа етапа од Лигата на нации. Мечот го реши погодок на Бојан Миовски.

Ерменија имаше иницијатива, создаде повеќе шанси за гол, но ние го имавме одличниот Димитриевски на голот кој имаше неколку одлични интервенции.

Ние постигнавме гол уште во петтата минута од натпреварот, но погодокот на Серафимов со глава беше поништен поради офсајд по долго прегледување на ВАР.

Македонија првиот шут во рамките од голот на Ерменија го имаше во 62. минута кога Барди биеше прекрасно од слободен удар, Чанчаревиќ го одбрани неговиот удар, а одбиената топка дојде до Велковски кој не успеа да ја протне во мрежата.

Но, само десет минути подоцна следуваше нова акција на Македонија, топката дојде до Миовски кој прекрасно пласираше во мрежата на Ерменија за водство на Македонија од 1-0.

Победникот беше решен во 85. минута кога по асистенција од Алиоски, Алими постигна гол за победа на Македонија од 2-0.

Со оваа победа Македонија го обезбеди првото место во групата и пласман во Б дивизијата каде што ќе има исклучително квалитетни противници. Теоретски уште не сме таму, но потребен ни е само бод од дуелите со Фарски Острови и Летонија на домашен терен, кој речиси е невозможно да не го освоиме.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ