Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија соопштија дека на гласањето, кое се одржало денеска во Хаг, нашата кандидатура освоила 86 гласови, во конкуренција со три држави за две слободни места.
Министерот Муцунски, се вели во соопштението, на својата фејсбук страницата истакнал дека овој реизбор е потврда за нашата посветеност кон глобалните напори за разоружување и уништување на хемиското оружје, како и за нашата активна улога во поддршката на целите и принципите на Организацијата.
„Во следниот период, остануваме целосно посветени на зајакнувањето на меѓународната безбедност и примената на Конвенцијата за забрана на хемиското оружје“, заклучи Муцуски во својата објава.