четврток, 5 декември 2024

Македонците веќе се биометризирани

Објавено на

часот

Сподели

„Заклучно со крајот на минатата година извадени се 1.341.729 биометриски пасоши и 1.306.038 нови лични карти, како и нови 400.950 возачки дозволи“, изјави Јанкулоска.

Јанкулоска истакна дека освен постојните, нема да има дополнителни санкции за граѓаните што нема да извадат нови лични карти и биометриски пасоши до 27 февруари.

Според министерката, најголема санкција за овие граѓани  ќе бидат неважечките лични документи со кои тие нема да можат да ги завршуваат секојдневните обврски во институциите и во банките.

Закажувањето за поднесување барање за издавање лична карта и патна исправа граѓаните од Скопје го вршат преку бесплатниот телефонски број 080019292.

Граѓаните што немаат важечка лична карта можат без закажување веднаш да поднесат барање за издавање нова во подрачните единици на МВР.

Рокот за вадење нови возачки дозволи истекува во октомври 2012, односно за десетина месеци. Иако во Македонија има над два милиони полнолетни граѓани, повеќето од нив легално престојуваат во странство, па така бројот на граѓаните што треба да вадат лични карти се намалува.

За новогодишните и за божиќните празници нема зголемен број барања за подигнување нови документи. Во овој период зголемен е бројот на барањата од иселениците што за време на празниците престојуваат во Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ