петок, 18 октомври 2024

Мајами конечно победи

Објавено на

часот

Сподели

Творец на големиот пресврт: Леброн Џејмс

Гостите од Тексас во првото полувреме имаа позитива од дури 17 поени, во во продолжението се разбудија Леброн Џејмс и Крис Бош, кои достојно ја пополнија празнината со неиграњето на повредениот Двејн Вејд. „Жешките“ третиот период го добија со 39-12, со што дојдоа до резултатска неизвесност, а воедно го изедначија клупскиот рекорд за најголема победа во една четвртина. Џејмс средбата ја заврши со 33 поени, додека Бош постигна 30.

Без својата прва ѕвезда одигра и тимот на Чикаго булс, кој сепак успеа да го совлада Феникс санс со убедливи 118-97. Тоа беше шести триумф за „биковите“ во низа на домашен терен.

РЕЗУЛТАТИ: Мајами – С. Антонио 120-98, Чикаго – Феникс 118-97, Јута – ЛА Клиперс 108-79, Кливленд – Г. Стејт 95-105, Орландо – Шарлот 96-89, Хјустон – Детроит 97-80, Милвоки – Денвер 95-105

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ